top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мадона задоволна од соработката со „Бaрбери“

Updated: Apr 12, 2022


08.04.2022 April Petok

Таа е нашироко позната како кралица на попот. Но, Мадона, исто така, е позната по тоа што често ги остава своите 17,8 милиони следачи на Инстаграм да ѝ завидуваат на нејзиниот изглед, особено во најновата објава на платформата за споделување фотографии. Во средата, 63-годишната хитмејкерка го потврди нејзиниот деловен потфат со британската луксузна модна куќа „Барбери“. „Врвна соработка помеѓу ‘Барбери’ и ‘Супејм’“ напиша таа во описот на објавата. Поп-кралицата позира во длабок корсет, искинати фармерки и Бaрбери-јакна во бебешко розова боја, што ја покажува однапред и одзади. Покрај трите фотографии, Мадона го означи Рикардо Тиши, креативен директор на модната куќа. „Ти благодарам Рикардо @burberry………. оваа нова соработка е врв!“




2 views

Comments


bottom of page