Мадона доби забрана да објавува на „Инстаграм лајф“
Мадона ретко останува без зборови. Но, поп-легендата тврди дека останала без текст викендов кога сакала да сподели видео на „Инстаграм“, но добила известување дека е блокирана да споделува видеа во живо. 63-годишната кралица на попот често споделуваше провокативни фотографии на оваа социјална мрежа во последните години, но се изненадила кога добила известување за прекршување на правилата на платформата кога се обидела да оди во живо за своите 18 милиони следачи. „Луѓе, ќе одиме во живо. Што по ѓаволите? Блокирани сме од Live? Еј, што се случува?“, вели таа во видео. Хитмејкерката Material Girl, алудирајќи на своите разголени фотографии што често ги споделува на апликацијата, се пошегува дека во тој момент била целосно облечена и била изненадена кога на екранот добила предупредување поради голотија. „Никогаш во животот не сум имала толку многу облека на себе. Занемев!“, додава таа во видеото. „Инстаграм“ издаде предупредување до поп-мегаѕвездата, во кое објасни дека таа мора да ги почитува другите на платформата и ја предупреди секогаш да го следи законот. „Сакаме ‘Инстаграм’ да продолжи да биде автентично и безбедно место за инспирација и изразување. Помогнете ни да ја поттикнеме оваа заедница. Објавувајте само ваши фотографии и видеозаписи и секогаш придржувајте се на законот. Почитувајте ги сите на ‘Инстаграм’, не праќајте спамови и немојте да објавувате голотија“, се наведува во известувањето. Во ноември 2021 година Мадона повторно ги објави фотографиите на кои позира во кревет откако „Инстаграм“ ги отстрани. Таа беше зачудена што беа отстранети бидејќи се гледала нејзината брадавица. Тогаш таа напиша: „Повторно објавувам фотографии што ‘Инстаграм’ ги симна без предупредување или известување… „Причината што му ја кажаа на мојот менаџерски тим, кој, всушност не го уредува мојот профил на ‘Инста’, е дека мал дел од мојата брадавица бил изложен. Сè уште ми е зачудувачки што живееме во култура што дозволува да се покаже секоја педа од женското тело, освен брадавицата!“
Comentarios