Search
Мадона го покажува своето беспрекорно чувство за стил
18.10.2021 Oktomvri Ponedelnik
Мадона го истакна своето одлично чувство за стил, сосема поинаков од сите други, во неколку снимки и приказни што ги сподели на својот профил на Инстаграм во неделата. 63-годишната поп-икона се релаксира и ужива во чаша вино на неколку фотографии, а на други, се гледа како пишува нешто во некаков стар дневник. Мадона носи прекрасен црн фустан од тантела со богати цветни апликации, додека позира за фотографиите. Таа, исто така, напиша кратка порака во описот на својата објава: „Кои се вашите намери… најважно прашање што треба да си го поставите пред да донесете каква било одлука“.
Comments