top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мадона во тоалет го откри насловот на претстојниот биографски филм

02.02.2022 Januari Sreda

Последниве неколку години Мадона напорно работи на филм инспириран од нејзината неверојатна кариера и безвременска музика. А во вторникот таа го откри насловот на последниот нацрт на својот филм. Ова го стори со дрска фотосесија што ја сподели на „Инстаграм“. 63-годишната музичарка обелодени копија од сценариото со наслов „Малиот врабец“ додека стои пред вратата на тоалетот облечена во црн костим. Кралицата на попот, која успешно им пркоси на годините, го покажува најновиот стајлинг за коса со обоени темни корени на средината, а остатокот е во платинесто-руса боја. На една од фотографиите Мадона позира пред вратата од тоалетот, а на други седи на тоалетна школка и го чита сценариото. Типично за Мадона, таа ќе направи сè само да биде поинаква од другите, коментираат таблоидите.




5 views

Comments


bottom of page