Мадона ветува дека ќе ја спаси Бритни Спирс: Ропството беше укинато одамна!
- Aleksandar Santovski
- Jul 9, 2021
- 1 min read
09.07.2021 Juli Petok
Мадона се придружи на долгиот список славни личности, кои изразија поддршка за Бритни Спирс во правната битка за да ја врати контролата над својот живот.62-годишната суперѕвезда сподели фотографија на „Инстаграм“ во четвртокот облечена во маица со името Бритни и ја спореди нејзината ситуација со ропство ветувајќи дека ќе се борат да ја извлечат „од затвор“.
Во 2011 година Бритни (39) откри дека Мадона ѝ помогнала да го врати својот живот на прав пат по раните испади на ментално здравје. А сега Мадона се надева дека ќе биде уште еден зрак светлина.
Со троубек-фотографија, на која Мадона изгледа младешки со маица на Бритни, поп-кралицата јавно се заложи за пејачката:
„Вратете ѝ го животот на оваа жена. Ропството беше укинато одамна! Смрт за алчниот патријархат што со векови им го прави ова на жените“, напиша таа врз фотографијата.
„Ова е кршење на човековите права! Бритни, доаѓаме да те извлечеме од затвор!“, пишува Мадона.
Џејми Спирс веќе 13 години е законски управител на имотот на својата ќерка и има целосна контрола над неа поради нејзините поранешни проблеми со психичкото здравје. Судот го отфрли барањето на Бритни за отстранување на татко ѝ како доверител или таканаречен конзерватор на целиот нејзин имот.


コメント