top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Магична вечер со виртуозот Мелник во опожарената поштенска сала

24.08.2021 Avgust Vtornik

“Пошта за нов културен центар!“, “Беше магично! Мелник и неговата музика, просторот, слушателите, дишевме како еден!“ и “Уште една потврда дека треба да се преземе нешто за овој, би рекла, изгубен простор“…, се само дел од позитивните критики за завчерашниот настап на виртуозот на пијано Љубомир Мелник во поштенската шалтер сала во Скопје која беше опожарена во 2013 година, но која оттогаш не е ставена во функција.

Музичкиот настап на најбрзиот пијанист на светот, Љубомир Мелник кој првпат доаѓа во Скопје, во организација на Младинскиот културен центар, ги одушеви љубителите на класичната музика.

Мелник по концертот истакна дека уште првиот миг кога зачекорил во просторот на опожарениот дел на Поштата не можел да поверува. За него тоа бил најубавиот простор…

“Дури и уништен тој е музеј на уметноста со одлична акустика, своевиден културен центар кој треба да го види целиот свет”, изјави Мелник.

Јани Макрадули, директор на АД Пошта, пак, со коментар: “По моето доаѓање немав никаква дилема дека овој дел од АД Пошта, треба и мора да биде отворен за сите сценски убавини, за сите убавини кои ни ги подарува уметноста.

Инаку, користејќи ги своите извонредни пијано способности за да генерира над 19,5 ноти во секунда во секоја рака, Мелник е најбрзиот пијанист некогаш снимен. Од раните 1970-ти произведе неверојатен опус од повеќе од 120 дела, повеќето за соло или двојно пијано и отвори целосно нови патеки во современата музика

Во средината на 1970-тите, додека живееше во Париз, тој создаде „Континуирана музика“ – тотално нов јазик за пијано, кој бара неверојатни технички способности, кои го користат целиот природен глас на пијаното. Може веднаш да се препознае дека оваа музика е основана во традиционалната класична техника за пијано, со сеќавање на Лист и Брамс, но исто така содржи многу влијанија од источната филозофија, како и минималната музика, комбинирајќи ги во прекрасна мешавина на модерни романтични хармонии и мелодии.




1 view

Comments


bottom of page