top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Магдебург има најголема предност пред реваншите

15.04.2021 April Cetvrtok

РАКОМЕТ – ЛИГА НА ЕВРОПА, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

Француски Монпелје, дански ГОГ, руски Чеховски медведи и германски Магдебург се тимовите што победија во првите четвртфинални дуели во новоформираното ракометно натпреварување Лига на Европа (ЛЕ), кое претходно го носеше името Куп на ЕХФ. Благодарение на ефикасниот напад, кој сезонава е препознатлив знак на ракометарите на Магдебург (32,3 гола по меч), избраниците на Бенет Веигерт славеа на мечот на гости кај шведскиот вицепрвак Кристијанстад (34-28). Со предност од три гола, ракометарите на Монпелје ќе патуваат на реванш-дуелот кај Фуксе Берлин, откако во првиот дуел славеа со 32-29. Предност од три гола на реваншот на гости кај Висла ќе имаат и ракометарите на ГОГ, кои дома го совладаа полскиот вицепрвак со 30-27. Одличната игра во второто полувреме му донесе минимална победа на Чеховски медведи (33-32) на мечот со Левен, кој по првото полувреме водеше со 19-15. Реванш-мечевите на програмата се на 20 април.


3 views

Comments


bottom of page