top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

М-р Нада Андоновска: Македонското наследство се интерпретира според европски методи

16.02.2021 februari vtornik

“Суштината на интерпретивното водење, како што објаснува Андоновска, е (во) учеството на посетителот во процесот на разгледување и осознавање на елементи од наследството. Посетителот веќе не е само пасивен посматрач, како што објаснува, туку станува учесник во разгледувањето, со посредство на интерпретивнот водич. „Со активно вклучување во овој процес, секој поединец пронаоѓа свои сопствени значења и ги открива подлабоките вистини и вредности на културните и природните богатства што се предмет на разгледување“, вели м-р Надa Андоновска, стручен соработник од Музејот на РС Македонија

Културното наследство на една земја треба да биде претставено и промовирано на најдобар можен начин и пред домашната, а пред се пред странската јавност, која треба да добие вистинска слика за културата и историјата на една земја. Токму Музејот на Република Северна Македонија е активен во грижата за културното наследство и неговата промоција и покрај предизвиците со коишто се соочени повеќето културни институции што работат со публика во време на пандемијата. Според Нада Андоновска, стручен соработник за односи со јавност во оваа установа, со поставување на различни содржини на социјалните мрежи, Музејот работи на доближување на дел од своите збирки до пошироката јавност, особено до помладите генерации, по електронски пат. Континуирано се одвиваат и тековните активности на стручните лица, поврзани со документирање, обработка и презентација на предмети од музејските збирки, а веќе се започнати и подготовките за неколку планирани изложби. Покрај тоа, како што вели Андоновска, музејот е активен и на меѓународен план, остварувајќи блиска соработка со европската асоцијација за интерпретирање на наследството – „Интерпретирај ја Европа“.

Доближување на културното наследство

„Како член на оваа меѓународна организација, Музејот е континуирано вклучен во различни активности што се одвиваат по електронски пат. Со учеството на онлајн состаноци и вебинари, се стекнуваат нови сознанија и се разменуваат искуства со другите европски земји во остварување на заедничката цел – доближување на културното наследство до пошироката јавност, на начин на којшто посетителот самиот ќе трага по вредностите и значењето на одреден сегмент од наследството, со помошта од интерпретивнот водич“, вели за весникот ВЕЧЕР Наде Андоновска, која е и македонски координатор во асоцијацијата “Интерпретирај ја Европа“.

Оваа асоцијација, како што вели, работи на ширење на методите и принципите на интерпретирање на наследството. Целта е да им помага на своите членки и на сите оние коишто го користат личното искуство, за да дадат подлабоко значење на природното и културното наследство.

Имено, суштината на интерпретивното водење, како што објаснува Андоновска, е (во) учеството на посетителот во процесот на разгледување и осознавање на елементи од наследството. Посетителот веќе не е само пасивен посматрач, како што објаснува, туку станува учесник во разгледувањето, со посредство на интерпретивнот водич. Со активно вклучување во овој процес, секој поединец пронаоѓа свои сопствени значења и ги открива подлабоките вистини и вредности на културните и природните богатства што се предмет на разгледување.

Интерпретирај ја Европа

„Мојот активен ангажман во „Интерпретирај ја Европа“ започна веднаш после следењето на Курсот за интерпретивни водичи, којшто се одржа во Краков, Полска, во 2018 по што станав координатор на асоцијацијата за нашата земја. Од оваа позиција, учествував на повеќе состаноци на координатори на ИЕ, во текот на 2018 и 2019 година. Покрај тоа, во мај-јуни 2019 година, учествував на Конференцијата на Интерпретирај ја Европа што се одржа во Сараево, под мотото „Обединети во различноста“. Во тие рамки, беше одржано и Годишно собрание на асоцијацијата, на коешто беше расправано на повеќе теми и беа донесени значајни заклучоци и одлуки за понатамошната работа и за поактивно делување во сите сфери на наследството. Со цел информациите за интерпретирање на наследството и за „Интерпретирај ја Европа“ да бидат достапни и за оние што не го разбираат англискиот јазик, Андоновска го преведе и текстот којшто беше поставен на „Википедија“ на македонски јазик.

„Плановите за понатамошно делување во насока на ширење на идејата за интерпретирање на наследството вклучуваат организирање на презентации, работилници и обуки за стручните лица на полето на културното и природното наследство, како и за туристичките водичи и за студентите на факултетите за туризам. Покрај тоа, планирано е и одржување на Курс за интерпретивни водичи, но за тоа е потребно да се обезбедат финансиски средства. Во секој случај, Музејот на С. Македонија и понатаму ќе работи на заложбите за примена на интерпретивниот пристап кон презентацијата на културните и природите богатства во целата наша земја со што македонското наследството ќе стане повидливо и ќе се афирмира и во светски рамки“, додава Андоновска за весникот ВЕЧЕР. (Д.Т.)




2 views

Comments


bottom of page