top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Луѓето ќе стигнат до површината на Марс до крајот на деценијата

Американскиот визионер, милијардер, основач и извршен директор на „Спејс екс“, Илон Маск, верува дека луѓето ќе стапнат на површината на Марс до крајот на оваа деценија. Маск изнесе ново амбициозно тврдење во интервју за Си-ен-би-си, кога рече дека луѓето ќе ја „допрат“ почвата на Црвената Планета пред крајот на 2020-тите години.

Мислам дека тоа ќе се случи во оваа деценија. Луѓето ќе бидат на Месечината уште порано. Мислам дека треба да направиме голема испорака на површината на Марс, а потоа луѓето ќе почнат да размислуваат повеќе за тоа. Пет или шест години подоцна, луѓето ќе сфатат дека Марс е вистинското место за посета – рече Маск.

Патувањето до Марс, како што рече тој, ќе биде овозможено со ракетата „Старшип“ на „Спејс екс“. „Старшип“ е дизајнирана да биде ракета-вселенско летало за повеќекратна употреба, која ќе пренесува екипаж и товар до Месечината и Марс, како и нивно враќање на Земјата. Наводно, „Старшип“ е толку напредна што сериозно ги загрижило конкурентите.

„Спејс екс“ моментално се приближува кон првиот орбитален пробен лет на „Старшип“, а лансирањето ќе биде направено од постројката „Старбејс“ во Тексас. Меѓутоа, за да се случи тоа, Федералната управа за авијација на САД мора да спроведе еколошка процена на активностите на „Старбејс“. Таа процена требаше да се направи до крајот на 2021 година, но неколкупати беше одложувана.

Во 2018 година, јапонскиот милијардер Јусаку Маезава потврди дека резервирал лет со „Старшип“ околу Месечината за 2023 година. Во меѓувреме, американската вселенска агенција НАСА ја избра „Старшип“ за првиот екипаж на лунарниот лендер во рамките на својата програма „Артемис“, а таа мисија е планирана за 2025 година. Целта на мисијата е да се истражи јужниот пол на Месечината.


2 views

Comments


bottom of page