top of page

„Лучија од Ламермур“ викендов на сцената на Националната опера и балет

„Лучија од Ламермур“ од Гаетано Доницети, која e eдна од водечките белканто опери во светската оперска литература ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет на 12 март 2022, со почеток во 20 часот.

Се работи за трагична опера напишана во два чина. Салваторе Камарано го пишува либретото според новелата на Сер Волтер Скот „Невестата од Ламермур“.

Диригент на оваа психолошки фасцинантна опера е Иван Еминовиќ, режисер и сценограф е Лев Пулиезе од Италија, а костимограф Марија Пупучевска, концерт мајстор: Верица Ламбевска.

Во насловната улога ќе настапи Наде Талевска, во улогата на Енрико: Ристе Велков, Едгардо: Благој Нацоски, Артуро: Никола Стојчески, Рајмондо: Алесандро Абис (Италија), Ализа: Соња Пендовска Мадевска, Нормано: Дејан Стоев

Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.


 
 
 

Commentaires


bottom of page