Луксембург се бори за историски настап на ЕП, напаѓачот промаши празен гол во 93. минута
Луксембург е вистинска сензација во квалификациите за Европското првенство и се бори за историски пласман на главниот турнир, достигнување кое можеше да биде доста поблиску доколку оваа селекција вчера оствареше победа над Исланд.
Натпреварот заврши 1:1 и со поделба на бодовите, но последната акција од мечот Рејкавик беше неверојатна, бидејќи гостите пропуштија неверојатен зицер за победа.
Исланд тргна со сите сили по победа и голманот остана на противничката половина, а вистинско чудо е како контрата на Луксембург не заврши со гол за 1:2.
Напаѓачот Родригес добро се загради и со доведе во ситуација да ја погоди празната мрежа, но наместо тоа, го промаши голот и ги разочара гостинските фудбалери.
Ако Родригес постигнеше гол, Луксембург ќе се израмнеше на второто место во групата со Словачка, но и во ваква ситуација зависи од себе и може да се надева на историски пласман на ЕП.
Comments