top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Лукаку разочаран од новинарите: Роналдо не ме мотивира, кога зборувате за Левандовски, Кејн, Бензема

Еден од најдобрите и најпродуктивните светски напаѓачи во моментов, Ромелу Лукаку во интервју за светските медиуми пред натпреварот со Португалија зборуваше на разни теми, меѓу кои беше и неговата конкуренција од офанзивата.

На новинарско прашање, дали Кристијано Роналдо бил негов мотив за уште подобро прикажување во Серија А, а потоа и мотивација за освојување на титулата во италијанскиот шампионат, Лукаку одговори:

– Одлично беше што го освоивме Скудетото со Интер во една одлична сезона, но мислам дека тоа присуство на Роналдо кое го спомнувате вие, не ме мотивираше како што мислите затоа што воопшто не размислував за тоа, -јасен беше Лукаку.

Потоа Лукаку истакна дека тоа што неговото име не се сместува меѓу најдобрите напаѓачи како Левандовски,Кејн и Бензема му пречи, но во исто време и го мотивира.

– Кога луѓето зборуваат за Левандовски, Бензема или Кејн велат дека се врвни напаѓачи, а за мене дека сум бил само во добра форма. Тоа ме мотивира да работам уште повеќе и да напредувам. Искрено, верувам дека сум меѓу врвните напаѓачи, -заврши белгискиот репрезентативец.


0 views

ความคิดเห็น


bottom of page