Лукаку испрати навредлива порака на Инстаграм, големи ѕвезди како Мбапе, Винисиус и Куртоа застанаа
Ромелу Лукаку предизвика хаос со голот од пенал и прославата која ја режираше во Торино, за која тој вели дека била резултат на жестоките провокации кои ги добивал од трибините.
Италијанските власти открија дека Белгиецот бил навредуван на расна основа и полицијата веќе трага по тифозите на Јувентус кои го правеле тоа, па дербито кое заврши со резултат 1:1 повторно доби црна дамка поради случувања на трибините.
Интер како клуб го осуди ваквото однесување кое е добро познато за италијанските фанови, а со жестоко соопштение се јави и Јувентус од каде пристигна информација дека ќе се соработува со полицијата за да се пронајдат виновниците.
Во меѓувреме, со порака на социјалните мрежи се јави и Ромелу Лукаку, кој на крајот испрати навредлива порака до сите оние кои го поддржуваат расизмот.
– Историјата се повторува. Минав низ ова во 2019-та година, а сега повторно во 2023-та година. Се надевам дека лигата ќе преземе акции овојпат, бидејќи во оваа убава игра треба да уживаат сите. Благодарам за пораките заподдршка, еб. се расизму, – порача Лукаку зад кого застанаа големи фудбалски ѕвезди како Мбапе, Винисиус, Куртоа, Евра, Ловрен, Матераци, Балотели, Хакими и многу други.
Comments