Лука Тони: Ибрахимовиќ треба да се пензионира…
Златан Ибрахимовиќ има доста проблеми со повредите во оваа сезона и се повеќе се поставува прашањето дали тој повеќе му е потребен на Милан.
Швеѓанецот има одиграно 1,098 минути на 23 мечеви во оваа сезона со тоа што во 2022 година има започнато само два натпревари како стартер во Серија А. Сега тој одново ќе мора да мирува поради проблеми со коленото во клучен период од кампањата, па општиот впечаток е дека едноставно годините веќе го газат и мора да почне да размислува за крај на кариерата.
-По приказната како онаа помеѓу Ибра и Милан, се надевам дека Златан ќе ја донесе конечната одлука,-вели Лука Тони за „Газета Дело Спорт“.
-Тој е шампион кој заслужувада избере што сака да направи. Заслужува да заврши како протагонист со оглед на тоа што претставува. Би му рекол да продолжи се додека може. Ако не може тоа да го направи, ако не може да игра на највисоко ниво подобро е да прекине.
-Ќе биде тажно да се види шампион како Ибра да не добива минутажа или да не биде на ниво на задачата. Играч како него секогаш мора да биде на врвот како низ целата кариера, -додаде поранешниот италијански репрезентативец.
Comments