top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Луис Енрике таргетирал еден играч на Барса како слабост во тимот на Чави: Тој има најмногу проблеми со топката

14.10.2024 Oktomvri Ponedelnik

ПСЖ успеа да направи пресврт и да ја елиминира Барселона во Лигата на шампионите минатата сезона, и тоа со убедлива победа на гостувањето во „Монжуик“.

Натпреварот беше одбележан од црвениот картон кој го заработи Роналд Араухо, но исклучувањето на Уругваецот сега стана уште поинтересно поради увертирата на овој натпревар.

Документарецот на Луис Енрике кој се емитува во Шпанија во неколку продолженија денеска го дочека својот крај, а во последната епизода бил откриен говорот на Лучо пред натпреварот со Барселона.

Тренерот на ПСЖ го посочува Араухо како слаба точка во тимот на Чави Ернандес, односно го таргетира како фудбалер кој треба да се нападне со пресинг.

– Араухо е топ играч, но тој е играчот кој има најмногу проблеми со изнесувањето на топката. Секојпат кога ја добива топката, треба да ја блокираме линијата за пас и да бидеме поставени до него.

– Кога вршиме пресинг, треба да дозволиме топката да стигне до Араухо и потоа да нападнеме, тој е играчот кој има најмногу проблеми во такви ситуации. Барселона не поседува квалитет кога треба да се брани, затоа кога вршиме пресинг мора да бидат блиску Витиња, Нуно Мендеш, Асенсио и останатите, – вели Луис Енрике во документарецот.


1 view

Comments


bottom of page