Луис Енрике со јасна порака во јавноста: Јас сум најдобриот во историјата! (Видео)
- Aleksandar Santovski
- Nov 11, 2022
- 1 min read
Луис Енрике ова попладне го соопшти конечниот список од 26 играчи на кои ќе смета на мундијалот во Катар, а бидејќи од истиот отпаднаа многу звучни имиња како Давид Де Хеа, Серхио Рамос, Тиаго Алкантара, Фабијан Руиз, Жерард Морено и многу други, селекторот доби и многу прашања од своите сонародници.
Новинарите се обидоа да добијат одговор за оние играчи кои не се најдоа на завршниот список, но Луис Енрике претпочиташе да зборува само за оние кои ги повикал и не даде објаснување за оние кои нема да бидат дел од тимот.
Најголеми изненадувања се Уго Гилјамон и Ансу Фати, Луис Енрике посочи дека Марко Асенсио си заработил повик со нагорната линија на формата во последните два месеци, но даде и изјава која самиот ја протолкува како доволно добра за да биде ударна кај сите шпански медиуми.
– Немам воопшто сомнежи во себе. Како да се сомневам кога јас сум идеалниот селектор за Шпанија, јас сум најдобриот на светот.
– Јас морам да ги убедам моите фудбалери дека сме најдобри и не смеам да се сомневам. Јас сум најдобриот селектор во историјата на фудбалот. Можеби тоа не е вистина, но јас навистина се чувствувам така. Еве ви добар наслов за сите, – им порачал Луис Енрике на присутните новинари.

Kommentarer