Луис Енрике со едно огромно изненадување во шпанскиот тим за завршниот турнир во Италија
30.09.2021 Septemvri Cetvrtok
На 6-ти и 7-ми октомври ќе се игра завршницата од Лигата на нации, натперварување во кое на Ф4 турнирот се најдоа репрезентациите на Шпанија, Италија, Белгија и Франција. Луис Енрике како селектор на шпанската селекција денеска го објави својот список на фудбалери на кои ќе смета за полуфиналето со домаќинот Италија, но и за дополнителниот меч кој ќе треба да го одиграат, финале или дуел за трето место. Како и обично, Енрике направи доста промени во составот, но најголемо изненадување е вклучувањето на Гави, 17-годишниот играч на Барселона кој во последно време доби доста шанси од Роналд Куман. – Со Гави се обидувам да го наградам фудбалерот за она што го нуди на теренот. Кога гледате како игра на таа возраст, останувате изненаден од партиите. Го знам доста одамна, беше во младинскиот погон на Барселона и беше клучен играч. Немам сомнеж каков напредок ќе има во иднина. – Имаме доста отсуства со повредени играчи и морав да се свртам на друга страна. Гави е навистина интересен фудбалер и понуди работи кои можат да се искористат на теренот, – изјави Енрике кој ги повика и Пино од Вилјареал, Маркос Алонсо од Челси и Педро Поро од Спортинг, играчи кои не беа повикани во септемврискиот список.
Comments