top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Лудиот поен меѓу Раониќ и Тиафо разоткри едно тениско правило кое малкумина го знаат

Милош Раониќ пред два месеци се врати на тениските терени после двегодишната пауза поради сериозни проблеми, а сега го игра и првиот голем турнир откако направи кам-бек.

Раониќ доби вајлд-карта од домаќините во Канада и настапува на Мастерсот во Торонто, каде рано утрово направи изненадување и го победи американскиот тенисер Френсис Тиафо.

Во три израмнети сета, два завршија во тајбрејк, а последниот му припадна на Раониќ со 6:3 за голема победа по речиси три часа игра.

Канаѓанецот се враќаше од негатива на овој меч бидејќи го загуби лудиот тајбрејк во првиот сет со 14:12, но начинот на кој истиот заврши беше навистина неверојатен.

Тиафо успеа да стигне една скратена топка и да освои поен, но откако го направи тоа, се заби во мрежата. Судијата Фергус Марфи најпрво досуди поен на Раониќ, но брзо се преиспита и сфати дека направи грешка.

Марфи им даде објаснување на двајцата тенисери и обелодени едно тениско правило кое е малку познато и за најверните следбеници на овој спорт, а истото не го знаеше ниту Раониќ.

Имено, Тиафо се заби во дел од мрежата во кој е дозволено да се направи тоа, бидејќи според правилата крајниот дел од мрежата не се смета за „престап“.

Марфи им порача на двајцата тенисери дека се работи за комплицирана ситуација, но нагласи дека според правилото, поенот му припаѓа на Тиафо бидејќи се забил во дел од мрежата кој е надвор од границите на сингл-полето. Раониќ не можеше да поверува и бараше потврда од супервизорот, а откако и тој го повтори истото, го скрши рекетот од нервоза.


2 views

Comments


bottom of page