top of page

Луда трка на 100 метри: Супербрзиот камерман го украде шоуто и стана вирален хит

09.06.2021 Juni Sreda

Трките на 100 метри секогаш се најкратки и највозбудливи за големите фанови на атлетиката, но иако обично тоа е така од застрашувачките атлетиски предиспозиции на спринтерите, овојпат вирален хит стана едно видео од Кина.

Станува збор за трка на млади атлетичари која се одржала на Универзитетот во Датонг, а во која шоуто го украл камерманот кој стана апсолутен хит на социјалните мрежи.

Иако имаше мала предност, камерманот успеа да ја одржи истата пред атлетичарите и неговата извонредна брзина го направи светска сензација на Твитер, уште повеќе ако се знае дека камерата која ја држи во раце тежи најмалку четири килограми.

Трката се одржала на 30-ти мај, а вистински и најоригинален победник на истата е супербрзиот камерман кој доби неверојатна популарност на друштвените мрежи.


 
 
 

Comments


bottom of page