top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Лоши вести за „кралевите“: Куртоа доживеал тешка повреда на коленото, мора да оди на операција!

Реал Мадрид доби лоша вест пред стартот на новата сезона во Премера, вест која се однесува на нивниот прв голман и еден од најдобрите поединци во екипата Тибо Куртоа. Куртоа од 2018 година е незаменлив во стартната постава на шпанскиот великан, па неговото отсуство може да биде голем проблем за тимот предводен од Карло Анчелоти. Белгиецот се повредил на тренингот на Реал, повреда на левото колено. Веднаш биле направени медицински прегледи, а истите покажале дека се работи за скинати предни вкрстени лигаменти, па во наредните денови ќе биде извршеа операција за да се санира проблемот. Потоа ќе следи процес на рехабилитација кој ќе трае повеќе месеци што значи дека Реал најверојатно ќе се активира на трансфер пазарот за да пронајде нов голман. Некои извори велат дека тоа може да биде Давид Де Хеа кој е слободен откако ја заврши соработката со Манчестер Јунајтед.


1 view

Comments


bottom of page