top of page

Лош ден за македонската репрезентација: Грција ни одржа ракометна лекција во Халкида ракомет кавлификации за светско 2028

Nov 9
1 min read

09.11.2026 Noemvri Ponedelnik

Македонската машка ракометна репрезентација го доживеа првиот пораз во квалификациите за Европското првенство во 2028 година, пораз од селекцијата на Грција на соочувањето во Халкида од 29:24.

Ова беше навистина лош ден за македонсккиот ракомет и нашата репрезентација која беше комплетно надиграна од јужниот сосед и на крајот можеме и да бидеме задоволни со поразот од „само“ пет разлика. Многу работи не функционираа во нашиот состав, недостасуваше енергија, агресивност, екстра мотивација пред се во првото полувреме во кое бевме надиграни со 16:9.

Грците имаа и плус девет во вториот дел, фаза во која сепак одиграме подобро и на повисоко ниво и на крајот дојдовме и до негативен резултат кој изгледа и пристојно ако се земат предвид сите случувања на натпреварот.

Костески со 8 и Кузмановски со 7 гола беа најефикасни наши ракометари, Томовски имаше 11 интервенции. Статис и Тоскас реализираа по седум пати кај Грците кои го имаа и голманот Буковинас со 11 одбранети топки.

Во вториот меч од нашата група Луксембург настрада од Шведска на свој терен губејќи со 30 разлика (50:20).


 
 
 

Comments


bottom of page