Лотито за опцијата Инсиње и Лацио: Морам да бидам искрен…
Лоренцо Инсиње од 2022 година е дел од МЛС составот Торонто, но по се изгледа офанзивецот сака да ја заврши таа приказна и неговата желба е да се врати во родната Италија.
Медиумите на Апенините го посочија 32-годишниот Лоренцо како потенцијално засилување за Лацио особено ако овој тим ја мине групната фаза на Лигата на шампионите.
Овие вести стигнаа до претседателот на клубот, Клаудио Лотито кој во свој стил даде неколку коментари.
-Нема ништо вистина во тоа, морам да бидам искрен. Нема ништо до мене, тоа е сè што можам да ви кажам. Видите, тие не ми кажале ништо за тоа. Треба да разговарате со спортскиот директор, не знам дали ја истражиле таа опција. Во моментов, не сум свесен за тие факти.
-Дали Сари сака да го донесе? Мислам дека не, ми изгледа малку глупо, -порача Клаудио за „Таг24“.
Comments