„Лордот“ Бендтнер објави крај на кариерата на 33 години и откри што ќе прави во иднина
Кариерата на Никлас Бендтнер забележа драстичен пад во последните неколку години, па откако играше против Вардар во Лига Европа како член на Копенхаген, во изминатите две сезони кои се покажаа како завршни во неговата играчка кариера настапуваше за Тарнби кој се натпреварува во четвртата лига.
Играчот кој во 2007-ма година важеше за најголем дански фудбалски талент не успеа докрај да го искористи својот потенцијал, па поради тоа, самостојно одлучи да стави крај на професионалната кариера иако има само 33 години.
Бендтнер кој надалеку е познат и по прекарот „Лорд“ и откри на јавноста дека става крај на едно незаборавно патешествие во кое играше и за клубови како Арсенал и Јувентус, со напомена дека планира да стане фудбалски стручњак во блиска иднина.
– Знам дека ќе ми недостасува фудбалот секој ден, но исто така сум убеден дека ова е краен момент за мене во работата како играч. Ќе минам многу време размислувајќи дали е нависитна готово. Сега ќе пронајдам нешто друго кое фудбалот постојано ми го даваше во изминативе години.
– Фудбалот одбележа голем дел од мојот живот и не можам да го оставам. Токму поради тоа, јас веќе сум во процес на тренерска едукација. Се надевам дека како тренер ќе доживеам најмалку исто од она што доживеав како играч, а можеби и повеќе. На тој начин, јас останувам дел од фудбалот, – порача Бендтнер.
ความคิดเห็น