top of page

Локатели позитивен на КОВИД-19, неизвесен за мечот со Македонија

Играчот од средината на теренот, Мануел Локатели имал позитивен тест на коронавирусот, објави неговиот клуб Јувентус.

Локатели вчера одигра 80 минути на средбата со Вилјареал во Лигата на шампионите, па останува да видиме дали и други играчи ќе имаат слични проблеми во наредните денови. Кога пак се однесува само на Мануел тој се очекуваше да се најде на списокот на Роберто Манчини за баражот за Светското првенство во Катар, односно требаше да биде во комбинација за дуелот со Македонија.

Меѓутоа со оглед на тоа што одреден период ќе мине во изолација, многу е тешко да се очекува дека Манчини ќе го вклучи на листата, ама одговорот на ова прашање ќе го дознаеме утре кога ќе излезе списокот од 24 играчи.


 
 
 

Comments


bottom of page