top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Локатели и Погба го следеа примерот на Роналдо со бојкотот на спонзорите на ЕП

Стрелецот на два гола за Италија во синоќешната победата над Швајцарија од 3-0 на фудбалското Европско првенство, Мануел Локатели, го повтори потегот на капитенот на португалската репрезентација Кристијано Роналдо, кога на прес-конференцијата по натпреварот ги тргна шишињата на спонзорот „Кока-Кола“.

Роналдо на почетокот на прес-конференцијата ги тргна шишињата „Кока-Кола“ кои беа поставени пред него. Оваа компанија е еден од главните спонзори на ЕП 2020. Откако ги тргна шишињата, Роналдо упати кратка порака – пијте вода.

За многумина ова беше еден симпатичен гест, но на компанијата „Кока-Кола“ и зададе причини за загриженост. Гестот на Роналдо придонесе вредноста на компанијата на берзите да падне за четири милијарди долари.

Инаку, покрај Локатели и Роналдо, и францускиот репрезентативец Пол Погба го тргна шишето пиво од спонзорот „Хајнекен“ од масата во прес-салата. Погба, по победата над Германија, од верски причини не сакаше пред него да стои шише „Хајнекен“.


1 view

Comentários


bottom of page