top of page

Локатели и официјално стави потпис на новиот договор со Јувентус

Јувентус ја реализираше најавата и денеска и официјално го потврди продолжувањето на договорот со Мануел Локатели.

Актуелниот италијански репрезентативец ставил потпис на договор кој ќе важи до 2028 година, а очекувано ќе добие и поголема плата која ја заслужи со своите настапи последните сезони.

Шпекулациите се дека Локатели сега ќе добива по 3,3 милиони евра по сезона, но Јувентус ќе биде позаштитен од евентуалните примамливи понуди за играчот од премиерлигашите, меѓу кои често се споменуваше и Брајтон поради фактот што менаџерот Де Ѕерби отсекогаш бил фан на Локатели.

Играчот за врска сезонава забележа 11 настапи и постигна еден, но многу важен гол, со кој Јувентус го победи Милан на „Сан Сиро“.


 
 
 

Yorumlar


bottom of page