top of page

„Лирски експресии“ – самостојна изложба на Владимир Величковски

„Лирски експресии“ е наслов на самостојната изложба на Владимир Величковски со селекција од слики и цртежи што ги има работено во изминатите неколку години вечерва ќе биде отворена во Културно социјалниот простор Центар Јадро во Скопје.

На отворањето на изложбата, Величковски ќе го изведе и социјалниот перформанс „Идентитет“.

Величковски, македонски сликар, историчар на уметноста, универзитетски професор, ликовен критичар, е роден на 7 мај 1949, Скопје. Дипломирал во 1974 година Филозофскиот факултет во Скопје, каде и докторирал во 1997 година, а магистрирал на Филозофскиот факултет во Белград во 1985 година. Во периодот 1976-1977 година, тој бил на студиски престој во Париз. Бил професор по предметот „Современа светска и македонска уметност“ на Филозофскиот факултет во Скопје.

Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија и на Меѓународното здружение на ликовни критичари. Активно работи и изложува од 1973 година.

Издавачката куќа „Македонска реч“ од Скопје ја издала книгата на Владимир Величковски „Уметнички критики и есеи“, која е петтиот том со истоимениот наслов на овој автор. Книгата содржи текстови пишувани и објавувани по 1973 година, од кога тој интензивно се занимава со ликовна критика. Оттогаш до денес, тој е еден од најистрајните хроничари на ликовниот живот во Македонија, вреднувајќи ги преку ликовната критика и есејот сите позначајни настани, изложби, појави, тенденции. Владимир Величковски досега објавил повеќе од 80 монографии и книги од областа на ликовните уметности, од кои најголемиот дел се монографските изданија. Тој по вокација е сликар, и автор на повеќе тематски и групни изложби.


 
 
 

Comments


bottom of page