Липи: Манчини погреши само против Македонија
- Aleksandar Santovski
- Apr 12, 2022
- 1 min read
Марчело Липи беше селектор кога Италија последен пат победи на Светско првенство, но тоа беше и последен пат „азурите“ да ја поминат барем групата.
На следните два мундијали тоа не им успеа на Италијанците, за да следуваат првенствата во 2018 и 2022 година на кои не обезбедија ниту пласман на завршниот турнир.
Во анализата на големиот неуспех и поразот од Македонија, Липи смета дека имало нешто што не функционирало, но тоа не значи дека Роберто Манчини не требало да остане на клупата.
– Не би зборувал за некоја криза во италијанскиот фудбал, се работи само за лош момент.
– Ние сме европски шампиони и оваа селекција немаше пораз долго време. Не смееме да заборавиме дека 65 проценти од репрезентативците во мое време играа во Серија А, а сега се двојно помалку. Нема веќе играчи како Дел Пјеро, Тоти и Монтела.
– Манчини заврши одлична работа, освен на дуелот со Македонија. Мислам дека е исправна одлуката да остане на клупата и во иднина. Сепак, ако не можеш да ја победиш Македонија, тогаш чашата е полупразна, – изјавил Липи.

Comments