Линекер: УЕФА мора да укине едно правило кое им дава предност на домашните екипи
12.04.2024 April Petok
Гери Линекер смета дека елиминирањето на предноста на головите постигнати на гостински терен имаат позитивен ефект на натпреварите од европските купови, но исто така и дека УЕФА треба да направи уште еден важен чекор.
Поранешниот англиски репрезентативец долго лобираше да се укине правилото за предност на головите постигнати на гостински терен, а откако тоа беше реализирано, сега инсистира дека домаќините не реваншите имаат нефер предност, бидејќи можат да играат дополнителни 30 минути пред своите навивачи.
Вакво сценарио би имало ако двата натпревара завршат без победник, па патникот во полуфиналето и финалето мора да се решава со продолжение, односно пенали.
– Единствената работа која сега треба да се елиминира, најмногу поради фер-плејот, е продолжението од 30 минути во ситуација кога имаме два нерешени резултати. Мислам дека треба да се оди директно на изведување пенали.
– Во моментов, домаќините на реваншот имаат дополнителни 30 минути со предност на домашна публика, а никој не би требало да има ваква предност, посебно не во четвртфиналето. Во осминафиналето предноста на домашен терен се заработува со резултатите постигати во групната фаза и таму ситуацијата е поинаква. Исклучок може да биде финалето, но и во него екипите најчесто тактизираат во продолжението, а и фановите многу сакаат да гледаат пенали, – вели Линекер.
Comments