Лина Ѓорческа Македонската тенисерка на прием кај Борко Ристовски по историскиот настап на Вимблдон
- Aleksandar Santovski
- 4 days ago
- 1 min read
03.07.2026 juli Petok
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска организираше свечен прием за најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, која испиша историја со својот настап на главниот турнир на Вимблдон.
Ристовски истакна дека успехот на Ѓорческа претставува гордост не само за македонскиот тенис, туку и за целиот македонски спорт, нагласувајќи дека таа со својата посветеност, труд и истрајност покажала дека македонските спортисти можат достојно да се натпреваруваат со светската елита.„Со голема чест и гордост денеска ја пречекав нашата тениска хероина Лина Ѓорческа по нејзиниот историски настап на Вимблдон. Лина испиша историја како прва македонска тенисерка што настапи во главната фаза на најпрестижниот светски тениски турнир. Тоа не е само личен успех, туку успех на цела Македонија“, истакна министерот.
Тој додаде дека Министерството за спорт ќе продолжи активно да ги поддржува македонските спортисти кои со своите резултати ја претставуваат државата на највисоко меѓународно ниво.„Ќе продолжиме силно да ги поддржуваме сите наши спортисти кои со својата работа, талент и резултати достоинствено ја претставуваат Македонија. Посебен акцент ќе ставиме на создавање подобри услови за развој на индивидуалните спортови и за создавање нови генерации успешни македонски шампиони“, порача Ристовски.
Историскиот настап на Лина Ѓорческа на Вимблдон претставува значајна пресвртница за македонскиот тенис и уште една потврда дека со посветена работа и истрајност може да се стигне до најголемите светски спортски сцени.






Comments