Search
Лина Ѓорческа го предаде осминафиналниот меч во Лајпциг тенис
- Aleksandar Santovski
- Aug 6
- 1 min read
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го заврши натпреварот против Чехинката Алена Ковачкова во осминафиналето на ИТФ-турнирот во Лајпциг.
Ѓорческа го загуби првиот сет убедливо со 6-1, а во вториот Ковачкова имаше предност од 2-1, кога македонската тенисерка беше принудена да го предаде мечот.
Засега нема официјално соопштение за причините за повлекувањето, но според првичните информации најверојатно станува збор за повреда.
Се очекува во наредниот период да бидат објавени повеќе детали за здравствената состојба на најдобрата македонска тенисерка.






Comments