Ликот на Марко Маринкович Слаткар познатиот pапер од Македонија осамна на Тајмс Сквер во Америка New York: „Горд сум што детето од Ново Лисиче што се шверцуваше во бус, сега е на билборд во Њујорк“
- Aleksandar Santovski
- Jul 1
- 3 min read
„Првиот пат кога го видов билбордот ми беше тотално нереално. Ми пратија снимки од безбедносна камера за да видам дека е пуштен. А чувството е баш онака... уф... ова е една од малкуте работи за кои не можам да поверувам дека се случиле“ - рече Слаткар за CRNOBELO.com, откако билборд со неговиот лик се појави во Њујорк.
На најголемиот плоштад во светот, Тајмс Сквер во Њујорк, 48 пати во текот на два дена се појави видео-билборд со ликот на Марко Маринковиќ Слаткар, и QR код со чие скенирање, секој веднаш ќе може да пристапи до неговата музика на музичките онлајн платформи.
Ова се случува во деновите кога Слаткар го промовираше својот нов албум „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш“.
Иако самиот, преку пријатели од САД го договорил појавувањето на билбордот, и го очекувал, бидејќи знаел точно кога ќе биде првото појавување, па го гледал и преку градска безбедносна камера, тој сè уште не може да поверува во тоа што се случило.
За CRNOBELO.com, Марко ја раскажа приказната за новиот, во низата успеси кои ги постигна - овој пат дека е првиот Македонец кој ја промовира својата музика преку билборд на Тајмс Сквер:
„Првиот пат кога го видов билбордот ми беше тотално нереално. Ми пратија снимки од безбедносна камера за да видам дека е реално таму.Почна да се емитува во 12:00 кај нив (кај нас тоа е во 6:00 наутро) и кога првиот пат се сврте не се гледаше убаво на самата снимка.И реакцијата ми беше леле, што се случува, сам не можев да си поверувам.
Не ми е реално она дете што седело во клупа во Ново Лисиче, што седело по клупи низ Скопје и се шверцало во бус бидејќи немало пари да стигне до дома, истото тоа дете да може да стигне до еден од најбитните билборди на Тајмс Сквер во Њујорк.Мене ми беше нереално што е мое, а не пак на луѓето што гледаат од страна.Затоа најверојатно и вие, како новинари, и ме прашавте дали е AИ (вештачка интелигенција), но не би направил такво нешто. АИ би направил за некоја фора, да се гледа очигледно дека е АИ.
А ова, знаев дека ќе оди на видео-билбордите на Тајмс Сквер, јас сум го нарачал, и пак ми е нереално.Целата работа е тоа што кога човек сака нешто, кога има креативни идеи за промоција, ништо не е невозможно.За мене ова е исклучително голема чест, затоа што Њујорк е колевка на мојата музика, на мојата култура, на моето суштествување.А чувството е баш онака... уф... не можам да ти опишам колку сум горд. И луѓето што ми ги праќаа снимките и фотките, сите ми го кажаа тоа.
Ова е една од малкуте работи што ми се случиле, а за кои не сум можел да поверувам дека се случуваат, а пак, јас сум тој што се потрудил за да стигнам до таму.
За ова е многу важно да ги најдеш вистинските луѓе. Сега, јас имам пријатели во Америка, кои имаат пријатели, па најдовме начин.
Дека е нешто многу скапо, не е. Билбордот одеше 48 пати во рок од два дена.
Мило ми е што полека се менуваат работите, што светот ни станува близок.Инаку, физички никогаш не сум бил во Њујорк, но, да ти кажам, минатите два дена бев над Њујорк, ха-ха, па се чувствувам ко да сум бил.
Многу нашинци кои живеат таму, наши браќа и сестри, отидоа да го видат билбордот, а многу ми пишаа дека им е криво што не можат да отидат.
Но, оние што ми ги пратија фотките и видеата, скоро истото ми го пишаа: „Бев многу горд додека те гледав и додека го снимав ова. Фала ти за ова“.
Стисни и на овој линк и погледни уште неколку видеа од рекламата за албумот нов од 2025 на Слаткаристика на Марко










Comments