Ликовна изложба „Културно историски споменици, цркви и манастири од Порече“
Во Домот на културата во Македонски Брод денеска беше отворена ликовна изложба насловена „Културно историски споменици, цркви и манастири од Порече“. Автори на изложбата се Цуте Крајчески и Дончо Наумоски, двајцата по потекло од Порече. -СЕЗОНАТА НА КУЛТУРНИ СЛУЧУВАЊА ВО ДОМОТ НА КУЛТУРАТА ЈА ОТВОРИВМЕ СО ДЕНЕШНАТА ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ „КУЛТУРНО ИСТОРИСКИ СПОМЕНИЦИ, ЦРКВИ И МАНАСТИРИ ОД ПОРЕЧЕ“ СОЗДАДЕНА ОД АВТОРИТЕ ПО ПОТЕКЛО ОД ОВОЈ КРАЈ, М-Р.ЦУТЕ КРАЈЧЕСКИ, ВРАБОТЕН ВО АРХИВОТ НА МАКЕДОНИЈА ОД СЕЛО МАЛО И М-Р.ДОНЧО НАУМОСКИ, ИСТАКНА МИЛЕНА СТОЈЧЕСКА, ДИРЕКТОРКА НА ДОМОТ НА КУЛТУРАТА ВО МАКЕДОНСКИ БРОД. Изложбата е составена од 47 фотографии во кои доминираат црквите, спомен обележјата низ поречките села, како и дел на позначајни споменици од времето на НОВ и историјата на Порече. Дел од фотографиите на изложбата се сликани од височина со помош на дрон, за целосно да се долови впечатокот за овие објекти и споменици. Љубителите на уметноста ќе можат да ја проследат изложбата во наредните седум дена.
Comentários