Лига на нации: Македонските фудбалери се надеваат на позитивен исход против Ерменија
- Aleksandar Santovski
- Oct 13, 2024
- 1 min read
13.10.2024 Oktomvri Nedela
Денеска од 18.00 часот најдобрата македонска фудбалска репрезентација на гостински терен против Ерменија ќе го игра својот четврти натпревар во групата 4 од Ц сегментот во Лигата на нации.
Нашите најдобри фудбалери се на чекор од обезбедување на првото место во групата кое воедно носи и ранг погоре во ова натпреварување.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски по победата од 3:0 против Летонија на гости, се надеваат на позитивен исход.
Во првиот меѓусебен дуел во Скопје одигран на 10 септември Македонија славеше со 2:0.
Милевски е сигурен дека репрезентативците ќе ги повторат страста и желбата со кои му пристапија на натпреварот против во Рига и повторно ќе се дојде до позитивен резултат.
Моментно на табелата по четири кола води Македонија со седум бодови, пред Ерменија со четири, следува Летонија со три, а Фарски Острови има два.
Во четвртото коло од 20.45 часот селекцијата на Фарски Острови ќе ја пречека Летонија.
Comments