top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Лига Куп: Елиминации за Сити и Челси, Арсенал и Ливерпул според планот

30.10.2024 Oktomvri Sreda

Осминафиналето во Лига Купот донесе богата програмата во Англија оваа вечер, а покрај очекуваните резултати, видовме и две изненадувања.

Манчестер Сити уште еднаш покажа дека не му обрнува преголемо внимание на ЕФЛ Лига Купот, па така Пеп Гвардиола излезе со комбиниран состав и на крајот претрпе елиминација.

Тотенхем победи со 2:1 и се пласираше во четвртфиналната фаза, а најзаслужни за тоа се Вернер и Сар кои погодија, но и Бисума кој ја извади топката од гол и не дозволи „граѓаните“ да израмнат на 2:2 пред финишот.

Оваа реакција на Бисума се покажа како клучна за победа на „петлите“, а претходно Сити се врати во игра со голот на Нунес.

Њукасл успеа да му се реваншира на Челси за поразот од пред неколку дена и вечерва на домашен терен го победи со 2:0, триумф во кој доби и огромна помош од Дисаси. Дефанзивецот на Челси со катастрофална реакција си постигна автогол за 2:0, а претходно водечкиот гол за Њукасл го постигна Исак.

Од фаворитите, победи остварија Ливерпул и Арсенал, со тоа што „црвените“ се испотија против Брајтон и победија со 2:3, додека „топчиите“ беа најубедливи и славеа со 0:3 над Престон.

Коди Гакпо беше јунак за Ливерпул со два од трите гола, еден постигна Луис Дијаз, додека за Брајтон стрелаа Адингра и Лампти.

Во победата на Арсенал, Габриел Жезус го постигна првиот гол од месец јануари, а во листата на стрелците се запишаа и Нванери и Хаверц.


0 views

Comments


bottom of page