top of page

Ливерпул ја откажал планираната продажба на Гакпо во Сити

Sep 1
1 min read

31.08.2026 Avgust Ponedelnik

Ливерпул и Манчестер Сити имаа начелен договор за трансфер на Коди Гакпо на „Итихад“, се очекуваше дека холандскиот репрезентативец ќе се пресели во ривалската екипа, но последните информации од Англија велат дека најавениот трансфер нема да се реализира.

Сити се согласи да плати 80 милиони фунти за Гакпо, самиот фудбалер ги договорил личните услови со клубот од Манчестер, но сега е поверојатно да остане на „Енфилд“.

Ливерпул денеска го промовираше Бредли Баркола како ново засилување на крилните офанзивни позиции, но клубот сака да обезбеди уште едно ново име пред да му дозволи на Гакпо да замине.

Обидите да се ангажираат Минте од Брајтон и Сар од Кристал Палас не биле успешни, па сега „црвените“ планираат да го задржат Гакпо доколку не се случи некој нов пресврт во последниот ден од преодниот рок.

Англиските медиуми тврдат дека и Сити почнал да бара нова солуција за својот напад, па повторно размислува за Илиман Ендиаје.


 
 
 

Comments


bottom of page