Ливерпул продаде фудбалер на повратникот во елитата Нотингем
Нотингем Форест го обезбеди и четвртото засилување за претстојната премиерлигашка сезона, а истото доаѓа од редовите на вицешампионот Ливерпул. Се работи за Неко Вилијамс, кој очигледно сака да настапува за екипа во која ќе добива минутажа, а Ливерпул не му направи проблем за реализација на трансфер. „Црвените“ ќе заработат солидни 17 милиони фунти за производот на својата младинска академија, кој последно играше на заем во редовите на Фулам. Фулам и Нотингем изборија пласман во Премиер лигата, но Вилијамс сега ќе биде дел од поранешниот европски шампион, кој не штедеше да го добие потписот на велшкиот дефанзивец. Претходно, Форест ги обезбеди и потписите на Авонји, Бјанкон и Ниакате, а голманот Хендерсон ќе игра како позајмен фудбалер од редовите на Манчестер Јунајтед.
Comments