Ливерпул потврди заминување на уште еден Германец од клубот
26.01.2024 Januari Petok
Јирген Клоп денеска ја објави веста дека ќе го напушти Ливерпул по крајот на сезоната, а клубот потврди дека заедно со него заминуваат и неговите досегашни помошници.
Менаџерската промена ќе биде значаен момент за иднината на „црвените“, а тоа се однесува и во однос на трансфер политиката, со оглед на тоа што новиот менаџер ќе работи и со нов спортски директор.
Актуелниот, Јорг Шмадке, ќе замине уште по крајот на актуелниот преоден рок, односно по завршувањето на месецов, со што ќе ја ослободи функцијата. Германецот имаше едногодишен договор, но ќе го напушти Ливерпул порано од претходно предвиденото.
Шмадке дојде во Ливерпул во јуни и беше задолжен за трансферите на премиерлигашот, а покрај влијанието на Клоп, тој беше доведен поради добрата претходна работа во Волфзбург, Келн, Хановер и Алеманија Ахен.
Comments