Ливерпул постави сонародник на Клоп за нов спортски директор
Ливерпул денеска официјално го потврди Јорг Шматке за нов спортски директор, објавувајќи ја информацијата за неговото поставување на функцијата на официјалната интернет страница.
Шматке има 59 години и ќе го наследи Џулијан Ворд, кој ја напушти функцијата по 11 години.
Сонародникот на менаџерот Јирген Клоп последно работеше во Волфзбург и оттаму си замина во февруари, а сега ќе се обиде да го употреби своето искуство и знаење за да му помогне на Ливерпул да се врати во битката за трофеи.
Шматке е поранешен голман, а во директорската кариера забележа успеси со Волфзбург, кој во негово време успеа да стигне и до пласман во Лигата на шампионите.
Ливерпул го повлече овој потег во клучен момент, односно пред почетокот на преодниот рок во кој на клубот му се потребни сериозни засилувања, пред се и поради заминувањето на фудбалери како Фирмино, Кеита, Милнер и Окслејд-Чембрлен.
Comments