Ливерпул официјално ќе бара поништување на црвениот картон на Мак Алистер
- Aleksandar Santovski
- Aug 21, 2023
- 1 min read
Ливерпул ќе бара поништување на црвениот картон кој Алексис Мак Алистер го доби на саботниот натпревар со Борнмут.
Аргентинецот беше исклучен поради стартот над Рајан Кристи, но фудбалската јавност се обедини на ставот дека одлуката на судијата била претерана, а ВАР судиите погрешиле што не побарале од него да ја прегледа снимката.
Менаџерот Јирген Клоп уште по натпреварот најави дека Ливерпул ќе разговара со официјалните лица на оваа тема, а сега и дефинитивно е донесено решение со кое ќе се бара разгледување на случајот од официјалните лица.
Клоп тогаш изјави дека неговиот тим бил доволно казнет што играл 40 минути со играч помалку.
Уште во првото коло судиската комисија мораше да му се извинува на тимот на Волвс, затоа што не добил чист пенал на дуелот со Манчестер Јунајтед, а судиите од таа средба беа „замрзнати“ барем едно коло од Премиер лигата.

Comments