Search
Ливерпул најави жестока казна за навивачот кој влета на „Енфилд“
Раководството на Ливерпул експресно донело одлука за казната за неодговорниот навивач кој вчера влета на теренот на дербито со Манчестер Јунајтед.
Фанот влета со лизгачки старт во групата играчи на „црвените“ и ги удри Робертсон и Џоунс, ризикувајќи повреди за фудбалерите со кои сакаше да го прослави погодокот на Фирмино.
Ливерпул ќе го идентификува навивачот и веднаш ќе го казни со доживотна забрана за влез на „Енфилд“.
Се работи за 16-годишно момче кое веќе било во полициска станица, а покрај забраната на „Енфилд“, веројатно ќе добие забрана за влез и на другите стадиони, како и кривична пријава.
Домашниот фан го разбесни и Јирген Клоп кој му одржа лекција додека стјуардите го извлекуваа од теренот.
Comments