top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ливерпул е подготвен: Вечерва започнува Евровизијa 2023

Градот Ливерпул оваа недела е домаќин на Евровизија, откако Обединетото Кралство се согласи дека ќе го организира музичкиот настан, со оглед дека Украина не можеше да го реализира настанот поради војната.Со песни за љубовта и тагата, мирот и војната, а веројатно и со изобилство блескави костими, претставниците на 37 земји ќе се борат за победа во градот кој е симбол на популарната музика. Сцената на која ќе се претстават учесниците е дизајнирана од

Хулио Химеде и треба да симболизира „широка прегратка, отворање на рацете кон Украина, шоу изведувачи и гости од целиот свет“. Се состои од 700 видео панели и 1.500 метри лед светилки, на која неколку денови пред крунисувањето прошетаа кралот Чарлс и кралицата Камила.

Во првата полуфинална вечер покрај нашите соседи Србија и Хрватска, ќе се престават и учесниците од Финска, Шведска, Ирска, Швајцарија, Холандија, Азербејџан, Норвешка, Малта, Латвија, Португалија, Израел, Молдавија и Чешка.Во втората полуфинална вечер на 11 мај, ќе се натпреваруваат учесниците од Данска, Ерменија, Романија, Естонија, Белгија, Кипар, Исланд, Грција, Полска, Словенија, Грузија, Сан Марино, Австрија, Албанија, Литванија и Австралија.Според обложувалниците и набљудувачите, фаворит за победа во финалето е Шведска, која е претставена од Лорин со песната „Tattoo“, победничката на Евровизија 2012 година.Во живо во „Ем и Ес Банк Арена“, Евровизија ќе биде следена од 6.000 луѓе, а уште милиони на телевизија. Преносот за македонската публика ќе го обезбеди МРТ, со почеток од 21 часот.







2 views

Comments


bottom of page