Ливаковиќ пред трансфер на кариерата, Чачиќ се жали: Тој е најдобар голман, откупната клаузула е пре
Ливаковиќ пред трансфер на кариерата, Чачиќ се жали: Тој е најдобар голман, откупната клаузула е пренискаДинамо остана без своите најдобри фудбалери во последно време и од првиот тим си заминаа Оршиќ и Адеми, но нивниот чекор ќе го следи и голманот кој забележа стратосферски развој во последните неколку години.
Доминик Ливаковиќ посебно брилјираше на Светското првенство во Катар и значително го привлече вниманието на себе, но како што стојат работите, трката за неговиот потпис најверојатно ја добива Галатасарај.
Турскиот гигант му понудил богат договор на првиот голман на Хрватска и е решен да му го овозможи трансферот на кариерата, за кој пак Динамо ќе инкасира 10 милиони евра.
Толку изнесува откупната клаузула вметната во договорот на Ливаковиќ, која предизвика жалење од страна на тренерот Чачиќ кој станува свесен дека ќе остане без својот чувар на мрежата.
– За мене Ливаковиќ е најдобар голман што сум го видел некогаш. Фантастично бранеше за Хрватска против Турција, но тој така брани на секој меч. Клаузулата за негова продажба е прениска, – изјави Чачиќ.
Comments