top of page

Лејди Гага ќе глуми во продолжението на „Џокер“

Лејди Гага е во рани преговори да глуми во продолжението на „Џокер“, кое според најавите, треба да биде мјузикл. Ѕвездата на „Куќата Гучи“, наводно, треба да ја преземе улогата на Харли Квин – која ја глумеше Маргот Роби во филмовите „Одред самоубијци“ од 2016 и 2021 година.

Хоакин Феникс го играше насловниот лик во „Џокер“ (2019), но извори на „Холивуд репортер“ тврдат дека студиото „Ворнер брос“ допрва треба да склучи договор за тој да глуми во продолжението.

Ако Гага го стави својот потпис за филмот, таа најверојатно ќе ја портретира Квин, која има насилна врска со главниот лик Џокер. Извори, исто така, изјавија за публикацијата дека претстојниот проект е музички филм.

Филипс – кој го режираше оригиналниот психолошки трилер – работи на сценариото за продолжението со Скот Силвер, кој заедно со него го напиша првиот филм. Првиот филм за Џокер беше огромен успех на киноблагајните, со заработка од над една милијарда долари, со буџет од 55 милиони долари.


 
 
 

Commentaires


bottom of page