top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Лејди Гага ја нарече Бритни Спирс инспирација

Updated: Nov 16, 2021

15.11.2021 Noemvri Ponedelnik

Поп-ѕвездата и актерка Лејди Гага во саботата го прослави ослободувањето на Бритни Спирс од т.н. конзерваторски надзор наметнат од судот пред повеќе од една деценија по нарушување на нејзиното ментално здравје, нарекувајќи ја Бритни „инспирација која беше лошо третирана од музичката индустрија“. Во изјава за „Ројтерс“, Гага откри дека и таа понекогаш има проблеми со менталното здравје, вклучително и траума од сексуален напад од музички продуцент кога имала 19 години. Кусото интервју се случи непосредно пред свечената премиера на крими-драмата „Гучи“ во Милано во саботата. „Таа е многу талентирана, таа е неверојатно инспиративна и јас сум многу среќна што славиме денес, дека започнува нова фаза од нејзиниот живот“, рече Гага. Бритни си ја врати слободата во петокот по13-годишна голгота. Тоа почна во 2008 година, откако поп-ѕвездата доживеа психички крах поради приватни и професионални проблеми. Оттогаш, татко ѝ Џејми Спирс и други лица беа надлежни за нејзините финансиски и лични работи. Фановите притискаа за нејзино ослободување од ваквиот надзор, особено по објавувањето на неколку документарни филмови со сведоштва за нејзиниот живот кога други контролираат како таа ги троши парите, кога да настапува, кој има пристап до нејзината куќа и лековите што ги зема.



3 views

Comments


bottom of page