top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Лејди Гага црпела искуство од сопствена траума за улогата во „Гучи“

Лејди Гага извлече сопствена вистинска траума за улогата на „црната вдовица“ во крими-драмата House of Gucci. Во новиот биографски филм, 35-годишната ѕвезда ја глуми Патриција Реџани, жената која го нарача убиството на својот поранешен сопруг Маурицио Гучи, наследник на модната династија, а за поуверлива изведба на ликот, Гага се навраќала на настани од реалниот живот. Во интервју за „Скај њуз“, таа рече: „Мислам дека сум исто како и сите други. Си замислувам, знам да бидам и креативна. Но, за да се биде имагинативен, тоа треба да дојде од вистинско место, тоа е само начин на кој бирате да синтетизирате кој сте.“ „Кога размислувам за моите искуства од реалниот живот, имаше многу работи низ кои сум поминала, трауматски искуства што ги користев за да ја глумам Патриција, и не мора да има имагинација на тој начин.“ Гага неодамна откри дека улогата била емотивно предизвикувачка и дека се чувствувала „скршена“ до крајот на снимањето на филмот. House of Gucci („Гучи“) е филм инспириран од неверојатна вистинита приказна за семејната империја зад познатата модна куќа, едно од најстрашните злосторства во високото друштво во Италија. Филмот, базиран на книгата „Гучи: Сензационална приказна за убиство, лудило, гламур и алчност“, ќе почне да се прикажува на 24 ноември.




2 views

コメント


bottom of page