Search
Лејди Гага тргнува на светска турнеја
- Aleksandar Santovski
- Mar 10, 2022
- 1 min read
Лејди Гага најави промени во датумите на концертите на својата многу пати одложувана светска турнеја Chromatica Ball, на која планира да одржи 14 концерти. Поп-дивата ќе ја почне турнејата на 17 јули во Дизелдорф, Германија, потоа ќе настапи во уште четири европски градови, а во август ќе продолжи со концерти во северноамериканските градови. Дизелдорф е единствениот град во Германија каде што ќе настапи и има предност пред главниот град Берлин и другите поголеми германски градови како Минхен и Хамбург. Покрај Дизелдорф, нејзината турнеја што ќе трае до средината на септември вклучува и настапи во Стокхолм, Париз, Лондон, Торонто, Вашингтон, Бостон, Чикаго, Атланта, Сан Франциско и Лос Анџелес.


Comments