Search
Лејди Гага сними песна за саундтракот на „Топ ган: Маверик“
Лејди Гага наводно, снимила песна за саундтракот на „Топ ган: Маверик“. Поп-ѕвездата (36) ја напиша Hold My Hand за очекуваното продолжение на акциониот блокбастер, во кое Том Круз ја репризира својата улога на капетан Пит Мичел од оригиналниот филм од 1986 година. Според весникот „Сан“, Гага треба да ја објави ‘епската химна’ како сингл во мај и веќе се навестува можен „Оскар“ за најдобра оригинална песна за церемонијата во 2023 година. „Hold My Hand е Гага во најдобра форма. Требаше да излезе на крајот на овој месец, но шефовите го одложија датумот. Видеото е веќе подготовено,“ извор близок до звездата изјави за „Сан“. „Не би ме изненадило ако следната година Гага добие уште една награда за најдобра оригинална песна од Академијата.“
Comments