top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Лејди Гага почнала да губи допир со реалноста на снимањето на „Куќата Гучи“

03.11.2021 Noemvri Sreda

Лејди Гага откри дека имала психички потешкотии при крајот на снимањето на House of Gucci („Куќата Гучи“), филм инспириран од неверојатна вистинита приказна за семејната империја зад познатата модна куќа. 35-годишната поп-ѕвезда и актерка ја глуми Патриција Реџани во новиот филм во режија на сер Ридли Скот и признава дека глумењето во филмот имало драматично влијание врз нејзиниот реален живот. Во интервју за британски „Вог“ таа рече: „Имав психички потешкотии во еден момент при крајот на снимањето.“ „Бев или во мојата хотелска соба живеев и зборував како Реџани, или бев на снимање, живеев и зборував како неа. Се сеќавам дека додека бев во Италија на снимање, еден ден излегов за да се прошетам. Не бев излезена надвор околу два месеца и ме фати паника. Мислев дека сум на филмски сет“. Дејствието на филмот се одвива во 1995 година, по случувањето кое ја потресе Италија – убиството на Маурицио Гучи, нарачано од неговата поранешна сопруга Патриција Реџани. Во 1998 година Патриција беше осудена на затвор откако обвинтелството докажа дека изнајмила платен убиец да го убие нејзиниот поранешен сопруг. Гага со години се подготвуваше за улогата и на крајот тоа се одрази на нејзиниот личен живот. „Поминаа три години откако почнав да работам на улогата и ќе бидам целосно искрена и транспарентна: живеев како неа година и пол. И зборував со акцент девет месеци потоа.“ Гага, која е една од најпознатите италијанско-американски ѕвезди во нејзината нација, е исто така чувствителна на тоа како филмот ќе биде оценет во Италија. Таа за декемвриското издание на британски „Вог“ изјави: „Тоа беше животно искуство што го направив овој филм затоа што секоја минута од денот мислев на моите предци во Италија и што тие мораа да направат за да имам подобар живот.“





2 views

Comments


bottom of page