top of page

Лејди Гага на доделувањето награди по избор на критичарите

Лејди Гага изгледа сензационално во црн фустан додека пристигнува на доделувањето награди по избор на филмските критичари. Поп-ѕвездата и актерка (35) блесна на црвениот тепих во ултраелегантен црн фустан од свилен тафт, раскошна креација на Џејсон Ву. На церемонијата „Избор на критичарите“ (Critics’ Choice Awards), што се одржа во „ТАО Даунтаун“, професионалните критичари ги наградија најдобрите филмски и телевизиски остварувања во изминатата година. Гага беше прогласена за најдобра актерка за филмот „Куќата Гучи“, биографска крими-драма, каде што таа ја портретира Патриција Реџани, поранешна сопруга на Маврицио Гучи, наследникот на италијанската модна империја „Гучи“, која го нарача неговото убиство.



 
 
 

コメント


bottom of page